Педесет и осумгодишниот Б.К. од Радовиш вчера попладне загинал во сообраќајка која се случила на локалниот пат Струмица-село Просениково.

Како што информираат од СВР Струмица, автомобилот „ауди А4“ со радовишки регистарски таблички, управуван од загинатиот, изгубил контрола и излетал од патот.

На местото на несреќата била повикана екипа на Итната медицинска помош од Струмица, а лекар констатирал дека радовишанецот починал веднаш.

Увид извршиле екипа на СВР Струмица и јавен обвинител.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.