Две лица се повредени вчера кога околу 17.00 часот на делницата Скопје-Велес, пред Железничката станица Велес, товарен воз излета од шини.

Возот управуван од машиновозачот С.М.(23) од Скопје и совозач Р.Б., поради одрон од карпи на железничкиот коловоз, излетал од пругата и локомотивата удрила во метални столбови од контактната мрежа.

Со повреди се здобиле машиновозачот и совозачот и биле пренесени во болницата во Велес. Увид извршила екипа од СВР Велес.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.