Изгубивме добар колега, голем човек, вистински професионалец. Татко, посветен на семејството. Вака колегите на социјалните мрежи се простуваат од полицаецот Сефет Бајрами кој вчера настрада во страшната сообраќајна незгода која се случи на скопската обиколница.
До тешката несреќа дошло кога двајца полициски службеници вршеле радарска контрола и го запреле возилото „БМВ“, а потоа во нив удрило товарното моторно возило. По ударот, возилото „БМВ“ се запалило.
Сефет Бајрами бил пренесен во скопскиот клинички центар, каде за брзо им подлегнал на повредите. Бајрами го изгуби својот живот брзо, сакајќи да ги санкционира тие кои брзаат на патиштата. Бајрами имал само 37 години.
Полицаецот Сефет Бајрами долго време време работел во Одделението за безбедност на сообраќајот на патиштата при СВР Скопје.
Тој пред неколку денови добил ново решение и бил прераспределен во Автопатската мобилна единица при МВР, кобниот ден кога се случи сообраќајната незгода било прв ден, односно прва смена на Сефет на новото работното место.
На местото на сообраќајната незгода увид извршила увидна екипа на Министерството за внатрешни работи.
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против возачот на камионот кој вчера на обиколницата ,,Мајка Тереза“, кај клучка Приштина, во правец од Тетово кон Радишани, удри во паркирано полициско возило „јети“ и автомобил „БМВ“, запрено од страна на полицијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.