М.Г. од Скопје роден 1962 година е планинарот којшто загина на планината Олимп потврдуваат од МНР за ТВ 24. Од таму велат според нивните првични сознанија по сведочењето на очевидци, планинарот на 100 метри пред планинарскиот дом „Спилиос Агапитос“ изгубил рамнотежа по што баднал во бездна. За утре во Солун е предвидена обдукција на телото којашто треба да даде одговори кои се причините за падот. Противпожарни екипи и полиција на Литохоро учествувале во извлекување на телото.

Семејството е известено од страна на друг планинар којшто бил дел од тимот планинари.

Од МНР велат дека се во постојан контакт со Конзулатот и за сите детали јавноста ќе биде информирана.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.