За време на краткотрајното невреме во охридскиот регион, на познатата охридска плажа „Оревче“, околу 15 часот удрил гром, при што се повредени дури 13 луѓе.

Информацијата за „Фактор“ ја потврдуваат управителите на „Оревче“, но подетално ќе информираат подоцна.

Според СВР Охрид, пак, како што пишува „Охрид њуз“, дел од повредените со возила на брзата помош биле пренесени во охридската болница.

Некои од повредените се здобиле со изгореници по рацете и нозете, додека останатите се пожалиле на претрпен шок, страв, тахикардија и проблеми со слухот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.