Синоќа околу полноќ избувнал пожар во подземна гаража на станбена згреада во центарот на Охрид. Во пожарот се изгорени три возила, а поради интензивниот чад предизвикан од пламенот се евакуирани станарите од влез на објектот.
На лице место интервенирала Територијалната единица за противпожарна одбрана од Охрид со сите расположиви ресурси за таа намена. Пламенот е изгаснат, но во акцијата се потрошени сите боци со кислород наменети за интретрвенции во затврени простории.
На местото на настанот биле присутни и екипи на Службата за итна медицинска помош, кои интервенирале кај неколку лица што подолго време вдишувале чад.
Освен причинетата материјална штета, нема повредени во пожарот, а причината за неговото избувнување ќе ја утврди истрагата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.