Страотни сцени, неизвесност и страв предизвика огнената стихија која денеска го зафати Кочани, а според информации од терен, извесно е дека граѓаните ќе имаат долга и неизвесна ноќ.

На потегот Белски маало – Драчевиќ пожарната служба и жителите со надчовечки напори спречија поглема катастрофа во должина од еден киломтер. Пламените јазиции беа до и меѓу куќите. Настрадаа само неколу куќи и помошни објекти, а изгоре и едно возило на пожарната.

Засега е критична ситуацијата во населбата Варница, каде што горат неколку дестици кубици дрва.

15 пожарникари со три возила од скопската Пожарна се упатуваат кон Кочани.

Граѓаните заедно со пожарникарите помагаат во гаснењето на пожарот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.