Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица изврши увид во гаражата на Основниот суд во Струмица каде попладнево избувна пожар.

Според првичните сознанија, опожарено е едно службено возило на судот, како и предмети одземени со правосилни судски пресуди донесени пред повеќе години.

Во насока на утврдување на причините за пожарот, издадена е наредба за прибирање на траги од лице место, како и за прегледување на снимките од видео надзорот над објектот, соопшти Јавното обвинителство на Република Mакедонија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.