Изгорен е подпокрив и ѕидови во куќа на жител на тетовско Радиовце во пожар што се случил вчера околу 11 часот. При пожарот нема повредени лица.
Настанал пожар во куќата на 61-годишниот Р.Б. во тетовско Радиовце. Со интервенција на тетовската Територијална противпожарна служба пожарот за кусо време бил локализиран. Увид извршила екипа од СВР Тетово – информира портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифоски.
Тетовската пожарна информираше дека интервенирале седум пожарникари со две возила.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.