Во пожар во беровското село Владимирово изгоре куќата на две беровски семејства од Скопје.
Во куќата живеела Олгица Кушовска, која пожарот го забележала околу 2 часот по полноќ.
Спиев и се разбудив кога нешто силно стресе, си помислив дека е од дождот. Дотрча едно момче од соседството, ми помогна, се качи на скалите, виде дека гори куќата, рече дека работи струјата и треба да бегаме. Не успеавме да изнесеме ништо од покуќнината. Веднаш тој заврте телефон на полицијата и амбулантата и други луѓе ѕвонеа, дојдоа пожарникарите и го изгасија пожарот, рекла Кушовска.
Утрото пристигнал и нејзиниот син и сопствениците на другата половина од куќата, кои додадоа дека било доцна да направат било што.
Ние околу 6 часот тргнавме од Скопје и има што да видиме. Мајка му на Игор спиела, на време излегла, но не успеале да спасат ништо. Причината мислиме дека е струја, нашите осигурачи беа извадени во нашиот дел од куќата. Штетата е огромна, се ни беше средено, сега ништо нема, буквално ништо, додаде Николина Јошева, сопственик на едниот дел од куќата.
Игор Јовановски, син на Олгица вели дека среќа во несреќа е што неговата мајка излегла навреме и се спасила. Апелираше за помош за да се расчисти шутот од опожарената куќа.
Ноќеска дојдовме од Скопје, мајка ми внатре беше, среќа што здрава и жива излегла, другото се гледа што е. Сега апелирам до комуналното претпријатие и службите, било кој ако може да ни помогнат да го расчистиме шутот што остана, па понатаму ќе видиме дали ќе можат и на друг начин да помогнат, вели Јовановски, додавајќи дека штетите се стопроцентни. Куќата е од дедо ми, 50 години стара и сега, како што рече, одеднаш така да отиде на сите ни е тешко.
Пожарот го забележала и сосетка од околните куќи која вели дека слушнала татнеж и додаде дека утрото се уште бил забалежлив чадот и огнот, кој пожарникарите го смириле, да не се прошири кон околните куќи.
Сега е под контрола пожарот, ама штетата е голема, мора да се помогне на луѓето, додава пожарникар кој утрово учествуваше во гаснењето на пожарот.
Од СВР Штип го потврдија пожарот и додадоа дека до нив пријавата е евидентирана во 3:40 по полноќ, а увидот е се уште во тек.
Утрово во 3.40 часот во ОВР Берово бил пријавен пожар на куќа во селото Владимирово. Во пожарот нема повредени лица, а причинета е голема материјална штета. Со две возила навремено интервенирала екипа од ТППЕ Берово, со што пожарот е локализиран и спречен да се прошири во околните куќи, се вели во соопштението од СВР Штип.
Шеесеет и деветгодишната Олгица живее со социјална помош од 6.000 денари. Единствената помош што ја добива е од нејзиното семејство кое ѝ обезбедува облека и ја посетува еднаш до двапати месечно. Откако остана без покрив над глава, нејзината судбина станува неизвесна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.