Во хотелско-сместувачки комплекс во струшкото село Радожда, вчера во пожар изгорела кровната конструкција и целокупниот инвентар во три хотелски соби од комлексот.
СВР Охрид денеска соопшти дека пожарот избувнал околу 13 часот во комплекс, сопственост на А.Ш.(47) од селото Радожда.
Во гасењето на пожарот, најнапред интервенирало месното население, а по кратко време и Територијалната против пожарна единица од Струга, која целосно го изгаснала пожарот и спречила негово натамошно ширење – информираат од полицијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.