Пожарот, кој денеска избувнал во објект на лозје во Неготино, однесе една жртва.
Информацијата за пожарот за МИА ја потврди Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес. Тој рече дека во моментов се врши увид на самото место. Таму се пожарникари, полициска увидна екипа и јавен обвинител. Не можел да даде повеќе детали.
Од Обвинителство потврдија за МИА дека има една жртва.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.