Изминатата ноќ горел автомобил на кумановец, соопшти денеска СВР Куманово. Настанот во кумановската полиција во 3 часот по полноќ го пријавил 61-годишниот сопственик на возилото.

В.С.(61) од Куманово пријавил дека околу 3 часот било опожарено неговото патничко моторно возило „фолксваген пасат” со кумановски регистарски ознаки, се наведува во соопштението на СВР Куманово.

Пожарот го изгасиле пожарникари од ТППЕ Куманово. За настанот е известен јавен обвинител, а увид извршила и екипа од СВР Куманово.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.