Патнички автомобил марка „Фиат пунто“ синоќа изгорел во Кавадарци.

Од кавадаречката Територијална противпожарна единица за МИА информираат дека нема повредени.

Веднаш по дојавата за запалено возило со кавадаречки регистарски ознаки, заминавме на лице место петмина пожарникари со две возила. Возачот кој веќе бил пред сопствениот дом, навреме излегол од возилото кое имало плински уред – велат од Противпожарната единица.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.