Пожарот во атарот на село Велмеј е изгаснат, информира градоначалникотна Општина Дебрца, Зоран Ногачески, кој изрази благодарност до сите кои активно учествувале во гаснењето на огнената стихија што беснееше деновиве.

Сакам да изразам голема благодарност до сите кои активно или на друг начин се вклучија во гаснењето на истиот, а особено до:вработените во Национални шуми Охрид, кои сите денови активно дејствуваа на терен, вработените во ТППЕ-Охрид,  дел од јавните претпријатија во општина Охрид и јавното комунално претпријатие Дебрца, месното население и црковниот одбор, Дирекцијата за заштита и спасување, која на мое барање на два пати одобри користење на два ер трактори за гаснење од воздух, до Центарот за управување со кризи и со сите други чинители, вели Ногачески.

Пожарот остави несакани последици, но добро е што во ниту еден момент не беше загрозен животот на лицата активно вклучени во гаснењето , ниту беше непосредно загрозен животот и имотот на месното население, додава градоначалникот на Општина Дебрца, Зоран Ногачески.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.