Противпожарните служби успеаја да го изгаснат пожарот кој ја зафати денеска станбената зграда, во населбата Кисела Вода на улицата ,,Народни херои“ број 23. Акцијата за гаснење на пожарот траела повеќе од 2 часа а пожарникарите сега се обидуваат да ја завршат и евакуацијата на станарите кои останале изолирани над станот зафатен со огнената стихија.

Евакуирани се седум станари. Еден пожарникар е со изгореници на рацете, а двајца вдишале од чадото и во моментов се во болница. Во моментов се чисти во становите се со цел да не дојде повторно до нескан пожар, изјави за „Република“ Владимир Симоновски, командант на Противпожарната бригада.

Станарите од опожарената зграда сеуште не може да влезат во своите домови, бидејќи противпожарните екипи се на терен.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.