По интервенцијата на екипи од ТППЕ Кичево, целосно е изгаснат пожарот што избувна вчера кај месноста „Бели воденици” во атарот на село Србјани.
Со пожарот беше опфатена нискостеблеста вегетација на површина од околу 12 000 метри квадратни.
По информацијата што ја добивме од ОВР Кичево за појава на пожар во близина на село Србјани, целосно се екипиравме и интервениравме со три противпожарни возила. Во операцијата беа ангажирани десет пожарникари. По осумчасовна борба со огнената стихија, пожарот е целосно изгаснат, рече командирот на ТППЕ Кичево, Горан Соклески.
Тој додаде дека само во јули имале 20 интервенции на отворен простор каде што биле опожарени, ливади, шуми, стрништа и ѓубришта.
Според Соклески, за седум месеци ТППЕ Кичево регистрира 114 интервенции на пожари од секаков вид.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.