Автомобил изгоре на автопатот пред Неготино. Оваа информација за МИА ја потврдија од неготинската противпожарна единица и од СВР Велес.
Командирот на Територијалната противпожарна единица, Иле Илиев појасни дека станува збор за автомобил со гевгелиски регистарски ознаки.
Веднаш по дојавата, на лице место се упатија две противпожарни возила и тројца пожарникари. На лице место можело да се види дека возилото удрило во дрво и се запалило. За среќа, жената возач успеала навреме да излезе, но се здобила со тешка телесна повреда. Пожарот е локализиран, не се дозволи да се прошири во околината, рече Илиев.
Портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски рече дека несреќата се случила на автопатот Демир Капија-Неготино.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.