Албанскиот државјанин А.Д., кој успеал ноќеска да се ослободи од ќелијата каде ја издржувал доживотната затворска казна, утринава е најден на таванот на затворот „Идризово“.

Дезинформација е веста на повеќето медиуми дека затвореник осуден на доживотна казна затвор избегал од „Идризово“, вели во изјава за „Локално“ директорот на Управата за извршување санкции, Јовица Стојановиќ.

„Веќе пуштивме демант, се работи за дезинформација. При проверка го немало, но најден е на поткровје. Однесен е на проверки како што наведува процедурата и потоа е вратен во затворот“, ни изјави Станковиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.