Хрватската канцеларија за спречување корупција и организиран криминал (Ускок) почна истрага против седум државјани на Македонија и двајца државјани на Хрватска под сомнение дека организирале нелегално преминување на 166 странски државјани преку хрватската граница со БиХ и со Словенија.

Се сомневаат дека групата организирала 19 нелегални преминувања преку државната граница од БиХ кон Хрватска, како и од Хрватска во Словенија и дека за тоа земале пари.

Илегалното пренесување на мигрантите групата го договарала помеѓу крајот на април и 15 октомври.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.