Полициски службеници од СВР Скопје вчера во 19 часот го лишиле од слобода О.М.(22) од Скопје.

Како што информираат од МВР на крстосница од булеварот „ВМРО“ со булеварот „Партизански одреди“ лицето со возилото кое го управувал не застанал на знак за запирање даден од полициски службеници и притоа од прозорецот фрлил едно пакување со кокаин, кое било пронајдено и одземено. Набргу потоа, тој бил запрен и приведен.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.