Четворица дебрани и исто толку жители од село Голем Папрадник, општина Центар Жупа, синоќа физички се пресметувале пред угостителски објект во Центар Жупа. 

Синоќа околу 22.00 часот, пред угостителски објект во Центар Жупа, нарушен е јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Б.А.(3) , З.А.(35), Ш.Л.(26)  и Б.К.(30), сите од Дебар, од една страна и О.Д.(32),  Ш.Д.(33), О.Д. (18) и Е.Д.(19), сите од селото Голем Папрадник, општина Центар Жупа, од друга страна, информираше Стефан Димоски портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид.   

Додава дека против нив, дебарското одделение за внатрешни работи ќе поднесе соодветна пријава. 

Според очевидци пак станува збор за иселеници кои живеат и работат во Италија а моментално се на одмор во родниот крај, а причина нерасчистени сметки од онаму каде што живат и работат. 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.