Момчето кое исчезна во почетокот на декември минатата година Пинета Секондо – Пино е пронајдено мртово. Телото е најдено во атарот на селото Љуботен пред еден месец, а сега е утврден неговиот идентитет.
Станува збор за убиство, а МВР поднесе кривична пријава против две лица.
На 31.05.2019 година Единица за насилен криминал при СВР Скопје до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје, поднесе кривична пријава против Ф. А. (27) и А. Ѓ. (22), двајцата од Скопје, за сторено кривично дело “убиство“ предвидено и казниво по член 123 од КЗ на РСM.
Имено, се работи за убиство на Пинета Секондо, кој на 11.12.2018 година од страна на неговата мајка, бил пријавен за исчезнат во ПС при СВР Скопје. На 29.04.2019 година во Единицата за известување и команда при СВР Скопје од страна на граѓанин пријавено е дека на место викано Башинец во атарот на с.Љуботен пронајден е човечки скелет покриен со камења. По преземени оперативно тактички мерки дојдено е до сознание дека извршители се горенаведените лица, по што добиена е Наредба за претрес во дом и други простории од Основно јавно обвинителство Скопје и извршен е претрес во домовите на пријавените како и на уште две лица, роднини на првопријавениот.
Во домот на првопријавениот пронајдени се СИМ картици, лични документи, мобилен телефон, УСБ, мемориска картица, една фантомка и возило Опел Аскона. По Ф.А. распишан е централен распис. На 30.05.2019 година второпријавената А.Ѓ. е лишена од слобода во просториите на СВР Скопје, се вели во соопштението на МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.