Шеесет и седумгодишниот кумановец, по кого трагаше и семејството и полицијата е пронајден мртов во нива во населбата Карпош, а на телото нема траги на насилство.
Вчера во 12:32 часот во СВР Куманово, Д.С. од Куманово пријавил дека пронашол починато машко лице додека извршувал земјоделски работи на нива во населбата Карпош.
Од страна на лекар било утврдено дека на телото на починатиот нема траги на насилство, а по преземени мерки било констатирано дека се работи за С.М.(67) од Куманово за кого на 15 февруари годинава во СВР Куманово беше пријавено дека се оддалечил од домот – соопшти СВР Куманово.
Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Куманово, а по наредба на јавен обвинител телото било дадено на семејството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.