Потрагата по скопјанката Даниела Пецевска заврши трагично. Нејзиното безживотно тело, е пронајдено во реката Вардар.
Од МВР за „Република“ информираат дека телото кое вчера во 13:10 часот беше извлечено од водите на Вардар кај железничкиот мост во Горно Лисиче е на исчезнатата Даниела од Драчево.
Идентификувано е телото кое вчера беше пронајдено во водите на Вардар, се работи за 40- годишната Д.П. која беше исчезната на 11.02. 2019 година. Завршена е и обдукцијата, нема траги од насилство – велат од МВР.
Семејство на Даниела 5 дена трагаше по неа откако беше пријавена за исчезната.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.