Триесет и седумгодишната жена која на 21 март беше пријавена за исчезната се вратила во својот дом во пехчевското село Панчарево.

На 22 март 2021 во 22:30 во полициската станица во Берово лицето Б.Т (81) од Панчарево, пријавил дека 37-годишната (В.С.) се вратила во својот дом. Претходно, на 21 март 2021 истото лице пријавило дека неговата сосетка го напуштила својот дом и заминала во непознат правец, се вели во соопштението од полицијата.

Претходно жителите на Панчарево два дена трагаа по 37-годишната (В.С,) која според нивните кажувања е лице со здравствени проблеми.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.