Семејството на 48-годишната Џемиле Хасани од тетовско Пршовце апелира граѓаните до помогнат во нејзино пронаоѓање. Таа е со нарушено ментално здравје, а од куќата заминала синоќа околу 21 часот и не се вратила.

Случајот е пријавен и во тетовската полиција. Братот на жената посочил локации каде е можно да е лицето и се преземаат мерки за пронаоѓање, информираат од СВР Тетово.

Од семејството апелираат доколку некој ја сретне и препознае да се јави на телефонските броеви 044/384-308 или 075/451-512.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.