Тројца туристи од Македонија кои летувале на Кавос, на грчкиот остров Крф се исчезнати и ги нема два дена, неофицијално од туристи од Македонија дознава ТВ21.

Водичот на македонската агенција преку која се заминати на одмор информирал дека тројца од групата која пред 9 дена замина од Македонија на Кавос ги нема и не одговараат на нивните телефони, дури во вибер групата, којашто патем утрово ги напуштиле собите и треба да се вратат дома, објавиле и фотографии од собата во која биле сместени трите млади лица каде на неколку места имало и крв и ги немало нивните куфери.

Исчезнувањето е пријавено на грчката полиција, која пак по службена должност треба да го извести нашето конзуларно претставништво во Грција, а тие македонското МНР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.