Жител на селото Бајрамовци, општина Центар Жупа се води за исчезнат откако неговото оддалечување од домот е пријавено во Одделението за внатрешни работи во Дебар.

-Вчера во 12:30 часот во ОВР Дебар, М.А.(69) од селото Бајрамовци-општина Центар Жупа, пријавил дека неговиот син И.А.(40) се оддалечил од домот и не се вратил. Се преземаат мерки за негово пронаоѓање, изјави Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.