Граѓанин на Белорусија кој веќе некое време се криел во Македонија бил екстрадиран во својата родна земја. Лицето е барано од Интерпол од 2007 година поради шверц на голема количина Амфетамин во Полска и во повеќе земји.

Тој во меѓувреме се стекнал со лажен руски пасош, а во периодот од 12 години се криел во неколку земји, последно во Македонија. По приведувањето, Судот одлучил за екстрадиција во Белорусија.

Екстрадираниот се соочува со казна затвор од 15 години.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.