На 06.10.2021 во 22.40 часот во СВР Скопје, дежурниот старешина во касарна Илинден пријавил дека стражар-војник, кој бил на стражарско место од страна на ул.„Македонско-косовска бригада“, испукал еден предупредувачки куршум откако кон неговото стажарско место се движеле две машки лица, кои не застанале и продолжиле со движење и по неговото предупредување, по што слушнал неколку истрели од страна на лицата.

Полициски службеници излегле на местото и била пронајдена една чаура. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.