Недоразбирање за уплатен кредит за мобилен телефон била причина за физичка пресметка вчера помеѓу две лица во Скопје. Инцидентот се случил вчера околу 11 часот кога во тобако-маркет купувач кој побарал кредит за мобилен телефон услугата ја платил и заминал, но повратна порака дека била извршена уплата кај него не стасала.
Тој се вратил во објектот и побарал од продавачот да му бидат вратени парите. Продавачот одбил да му го врати износот, па во тој момент настанала караница.
Купувачот за сумата зел неколку производи, што дополнително ја вжештило ситуацијата, па настанала турканица. Потоа реагирало обезбедувањето кое било задолжено за објектот кое пристигнало и ја смирило ситуацијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.