Инцидент избил во неделата во скопска кафеана кога скопјанец ја видел својата поранешна девојка со друго момче. Тој физички ја нападнал девојката, која од ударот се онесвестила.

Вработените морале да повикаат обезбедување во ресторанот кои го затекнале женско лице како лежело на подот. Според кажувањата на вработените во локалот, девојката вечерта пристигнала во ресторанот во друштво на машко лице, а во ресторанот веќе седело нејзиното поранешно момче, кому најверојатно тешко му паднала средбата и во тоа време веќе бил во алкохолизирана состојба.

Во објектот стигнала и брзата помош, а за настанот била известена скопската полиција која го превзела случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.