Две странки кои неделава чекале ред за наплата на сметки почнале вербална расправија во која откако си размениле навреди и пцовки, се степале пред шалтерот. Обезбедувањето на објектот морало да интервенира во наплатниот пункт, но и да побара засилување.
Понатамошната постапка околу расчистување на случајот го превзела скопската полиција која за настанот била повикана од еден од инволвираните лица во инцидентот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.