Во маркет во Ѓорче Петров деновиве се случил инцидент откако муштерика која била фатена како краде физички ја нападнала продавачката. Жената била спречена во кражбата, па помеѓу неа и продавачката нив настанало туркање, по што жената физички ја нападнала продавачката.

Вработените во маркетот биле проморани да повикаат обезбедување кое ја затекнало жената од која биле одземени украдените производи. На крај, таа морала да ги плати артиклите кои што сакала да ги украде неколку пати посапо од нивната цена, по што и било дозволено да си замине.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.