Тетовската полиција вчера привела 24-годишник од Челопек, кој по расправија со 47-годишен сосед пукал од автоматска пушка. При приведувањето и претресот во неговата куќа е пронајдена и дрога.

Околу 18 часот во Челопек, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода М.М. (24) од ова село, бидејќи при претрес во неговиот дом и помошните простории биле пронајдени и одземени автоматска пушка со куршум калибар 7,62 милиметри, неколку празни рамки и чанта со марихуана. Претходно, М. М. по меѓусебна расправија со неговиот сосед Н.Р. (47), со автоматска пушка испукал еден куршум во воздух, соопшти СВР Тетово.

При увидот била најдена една чаура со калибар 7,62 мм. По приведувањето и постапката за документирање на случајот М.М. ќе биде изведен и пред судија во претходна постапка во тетовскиот суд.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.