На денешното рочиште за предметот „Рекет“, обвинителката Ивана Трајчевска читаше вибер-комуникациии помеѓу Бојан Јовановски со адвокатот Васил Димишков и со Дејан Панделески.

Од транскриптите може да се забележи дека Боки 13 и со двајцата имал интензивна комуникација, понекогаш и секој ден.

Во еден од разговорите со Димишков, Боки му праќа текстови од медиумите во кои се споменува Орце Камчев.

Имаш ли некоја информација од „мајка“?, пишува во една од пораките од Димишков за Боки.

Во една од пораките што си ги разменуваат со Панделески, пак, Боки го предупредува дека не е добро да се гледаат секој ден бидејќи постојано имал двајца луѓе со него.

Претходно беа објавени и пораки помеѓу Боки и Зоран Заев:

Во моментот има пауза, бидејќи адвокатот на Јовановски, Сашко Дуковски побара дел од комуникацијата да биде преведена од српски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.