Вчеравечер во 20.00 часот, полициски службеници од Полициската станица Гостивар во содејство со инспектори од Пазарна инспекција во Гостивар извршиле контрола во угостителски објект во трговски центар на ул.„Илинденска“ во Гостивар. При контролата во објектот биле затекнати околу 10 лица – гости, сопственикот, а имало и музика во живо.
Објектот бил затворен, а сопственикот Ф.Б.(45) од с.Добридол, гостиварско, бил лишен од слобода и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.