Министерот за внатрешни работи вечерва во Топ тема се осврна на случаите во Синѓелиќ и Гевгелија каде и на двете места беше прекршено органичувањето за движење.

Полицијата настапува неселективно, без разлика дали е политичар или гражанин. И во двата случаи ги идентификувавме лицата, некои се приведени, а некои се повикани на разговор во станица. Во Синѓелиќ беа приведени лица кои подоцна беа ослободени, а во Гевгелија излеговме на терен и веќе постапуваме по тоа. За таму имаме 20 кривични пријави.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.