Повторно гори трска во Охридското Езеро, овој пат во близина на болницата „Свети Еразмо“. На терен е излезена екипа на охридската противпожарна единица, која се очекува наскоро да ја стави состојбата под контрола. Ова е само продолжување на колективната неодговорност, која кулминираше периодов наназад во поширокиот регион на Струга, но и Охрид не е имун на ова „лудило“.

Во овој период од годинава, пожарите на трската се „редовна појава“, и за жал одговорните премалку или скоро ништо не прават за да се превенираат или спречат ваквите немили настани.

извор/ фото: ohridpress.com.mk



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.