Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Д.К. (30), И.К. и Р.К. (30) сите од село Здејан, Р. Албанија за сторено кривично дело „разбојништво”.

На 13.11.2018 година во времето од 02 до 02.30 часот во Гостивар на улица „204“, во куќата на Ј.Ј. (61), три лица со закана со пиштол извршиле разбојништво над Ј.Ј. и неговата сопруга, физички го нападнале Ј.Ј., по што одзеле 25.000 денари, 500 евра, два рачни часовници, затен накит и два мобилни телефони.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.