Полициски службеници од Полициското одделение Матејче вчера го уапсиле З.Ј.(60) од с.Никуштак, поради тоа што околу 10.30 часот во атар на с.Никуштак, општина Липково, упатил закани со пиштол кон Н.Н.(29) и неговиот татко Р.Н. од с.Мојанце, скопско, кои напасувале овци, по што пукал и го погодил нивното куче.
З.Ј. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.