Основното јавно обвинителство Гостивар поднело Обвинителен предлог против 49-годишен гостиварец, осомничен за кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 став 1 од Кривичниот законик.

На 4 август, обвинетиот нападнал двајца полициски службеници кои вршеле сообраќајна контрола на магистралниот пат Кичево – Гостивар. Тој работел како чувар во каменоломот пред кој било паркирано полициското возило за сообраќајна контрола. Додека службените лица имале сопрено возило за проверка, обвинетиот им се приближил и најпрвин почнал вербално да им се заканува и да ги брка.

 

Полицајците го предупредиле да престане со заканите, дека ќе биде приведен и дека целиот настан го снимаат камерите на нивните униформи.

 

Оттаму појаснуваат дека во тој момент обвинетиот се обидел да го скине кабелот од службената камера, а потоа зел лопата која била оставена на страна и почнал со неа да замавнува кон полициските службеници. Тие го совладале и го привеле – информираат од ОЈО Гостивар.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.