Преку две полни ленти и уште две полни, возач се обидува да премине од една, на сосема друга страна на булевар во Скопје. Секако, против сите сообраќајни правила и прописи.
Дополнително создавајќи гужва, во и онака преполн сообраќај, возачот нервозно свиреше за автомобилите да му се тргнат од патот, а се сепна и се врати дури откако го виде фотоапаратот на корисник на социјалните мрежи кој ни ги испрати фотографиите.
На социјалните мрежи коментираат дека на ова место возачите често прават прекршок за да не кружат околу центарот за да влезат на паркинг.
До кога граѓаните ќе мора да изиграваат редари, во земја во која секој прави што сака, е прашање на кое нема да ви се допадне одговорот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.