Вчера попладнето било пријавено дека на регионалниот пат Македонски Брод – с. Самоков, пред влезот за с.Ковче 46-годишниот В.З. од с.Растеш, Македонски Брод, управувајќи патничко моторно возило „голф“ со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот.

Несреќниот возач бил префрлен во ЈЗУ Македонски Брод, а оттаму во Општата болница во Прилеп, но при транспортот починал.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Македонски Брод. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.