Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривичнa пријавa за насилство против Н.Р. (47), Б.Р.(21) и Г.С.(37), сите од Скопје.
Ноќта вторник кон среда, околу 01,30 часот во Скопје во угостителски објект во трговски центар З.В., сопственикот на објектот, ја исклучил музиката. По ова второ и третопријавениот, почнале да ги кршат чашите и шишињата од масата, по што физички го нападнале газдата.
Потоа во нападот се приклучил и првопријавениот, при што на З.В. му нанеле тешки телесни повреди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.