Во два претреси на полицијата затекнати биле повеќе лица кои недозволено играле комар, а освен тоа ги прекршиле мерките и протоколите за спречување на ширењето на Ковид-19.

Како што соопшти МВР, полициски службеници од СВР СКопје упаднале во објекти на улиците „Ѓорѓи Димитров“ и „Костурски херои“ по добиени оперативни информации дека незаконски се организираат игри на среќа што се забранети по претходно обезбедена судска наредба од Основен кривичен суд.

При претресите затекнати се повеќе лица, а по документирање на случајот ќе бидат поднесени кривични пријави за сторени кривични дела по чл.398 ,,комар” и кривични дела „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија” по чл 206 од Кривичниот законик, се вели во дописот од МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.