До денес веќе станаа три недели откако син ми Илија Лазаревиќ (30) излезе од дома, рече дека ќе се врати за ручек, но тоа не се случи. Каде е моето дете? Можно ли е никој никаде да не го видел, да не го слушнал, никој ништо да не знае повеќе од 20 дена?, прашува Снежана Лазаревиќ од Демир Капија, по чиј син се трага.
Во телефонски разговор за „Фокус“ мајката раскажува дека постојано е во неизвесност, и како одминува времето, нејзината загриженост се повеќе расте.
Илија, кого го опишува како добро и вредно дете, кое секогаш си го заработувало својот денар, имал колеги и пријатели низ целата земја. Загрижена е што ниту еден негов другар, колега или познаник нема никаква информација за него, што со никој се немал слушнато цели три недели.
Повеќе на Фокус
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.