Сè уште нема никаква трага од 26-годишниот Пино Секондо, кој последен пат беше виден на 10 декември околу 22 часот во Ѓорче Петров. Неговата мајка Маја секојдневно го бара и апелира за било каква информација.

Лута сум, лута како лавица. Дење го барам моето дете, ноќе се молам Господ мил да ми помогне. Додека јас преку ден идам по канали, паркинзи, по улици, по полиња околу обиколницата на Скопје, скопската полиција сабота и недела не работи. Не им е гајле за моето дете! Важно синоќе беа во кафана да слават, слават што? Лута сум! И министри и премиер и се, важно дека не им е гајле, ќе ми се јават после Нова година, вели очајно мајката на Пино.

Игла да беше на некој министер досега ќе го најдеа, вели мајката.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.