СВР Куманово денеска спроведе засилена акциска контрола на автобуси, возила кои вршат јавен превоз на патници на подрачјето на патиштата во североисточниот регион и за три часа утврди четири неправилности кај 18 контролирани возила, соопштија денеска од СВР Куманово.
Засилената акциска контрола е спроведена во периодот 08:00 до 11:00 часот на подрачјето на СВР Куманово за санкционирање на возила со кои се врши јавен превоз на патници и при тоа биле контролирани 18 возила, а биле утврдени четири неправилности кои соодветно се санкционирани. Од нив две за неисправни светлосно-сигнални уреди и две за недостатоци на опрема, информираа од СВР Куманово.
Оттаму најавија дека ќе продолжат контролите и ги повикаа учесниците во сообраќајот на доследно почитување на правилата и прописите за сигурни и безбедни патишта.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.